Здружението за зашита и помош на бездомни животни „Шепасти ентузијасти“ објави вознемирувачи фотографии од обесено мало куче.
Според објавата, се работи за фотографија направена на територија на Демир Капија. Од здружението велат дека случајот ќе биде пријавен во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај. Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?“, стои во објавата.