Возило од обезбедувањето на Гаши излетало кај Ново село, тројца повредени

Од:

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево излетало на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во 10 часот и 45 минути во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.

– По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски