Возило на македонски државјанин оштетено во Грција

Од:

Нов случај на оштетено возило на македонски државјанин е пријавен вчера на граничниот премин Стар Дојран со што вкупниот број на оштетени возила во Грција годинава изнесува седум.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека е оштетено возило марка „цитроен берлинго 6“ кое е во сопственост на В.Г. од Струмица.

Оштетувањето се случило во близина на Бутково езеро, а скршено е стаклото од предната лева врата на возилото.

Освен на граничниот премин Стар Дојран, случајот е пријавен и во грчката полиција, но сопственикот на возилото не добил записник.

Покрај оштетувањата на возила, годинава во Грција се регистрирани и 13 кражби на регистарски таблички на возила на македонски државјани.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски