Воздухот во Центар и Лисиче најзагаден

Од:

Воздухот во Центар утрово е најзагаден, покажуваат мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во 8 часот измерени се 218mg/m3 суспендирани честички ПМ10 од дозволените 50 mg на метар кубен, потоа следуваат Лисиче со 151 и Карпош со 114mg/m3.

Ноќеска на полноќ, според мерните станици, највисока загаденост на воздухот имало во Лисиче каде надминувањето на вредностите на суспендираните честички ПМ10 достигнале до 534 и Гази Баба до 339 mg/m3.

Во случај на надминување на прагот на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во пет последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3, од Министерството препорачуваат да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал какo и правилно да се користат печките за дрва.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС