Возачот на „Бентли“ кој влета на плоштад казнет со 45 евра

Од:

Казната за арачиновецот кој влета на плоштадот „Македонија“ во Скопје со автомобил е 45 евра. Според Записникот за сторен сообраќаен прекршок објавен од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, возачот е казнет според членот 187 став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот.

Во него стои дека „Јавните патишта се обележуваат со пропишани сообраќајни знаци, со кои на учесниците во сообраќајот им се соопштуваат ограничувања, забрани и обврски. Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член“.

Снимка од возило марка „Бентли“ со скопски таблици, како влегува со голема брзина на плоштадот „Македонија е објавено на социјалната мрежа „Тикток“. Од снимката може да се види како додека возилото поминува, пешаците кои се наоѓаат на плоштадот панично се тргаат настрана кога го забележуваат.

Кратко време по ова, од МВР соопштија дека полицијата го пронајде возачот и го казни.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба