Возач загина на патот меѓу Ржаничино и Таор

Од:

32-годишен возач од Скопје рано утрово загинал откако излетал од патот меѓу селата Ржаничино и Таор, соопшти полицијата.

„На 27.07.2021 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот. Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од полицијата.

„Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

39-годишен Македонец загина во сообраќајка во Србија

Катерина Ѓуровски

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он