Возач се обидел да прегази полицајци на патниот правец Гевгелија-Скопје

Од:

Полициски службеници вчера околу 15:45 часот биле нападнати на патниот правец Гевгелија-Скопје, кај местото викано „Чешмата“ при обид да сопрат и контролираат патнички автомобил марка „ауди“ со скопски регистерски ознаки и „БМВ“, исто така, со скопски регистерски ознаки.

Како што информира МВР, возачот на патничкиот автомобил „ауди“ се обидел да ги прегази, по што со голема брзина се упатил кон Велес. Еден од полициските службеници, избегнувајќи го ударот, додека паѓал испукал еден куршум од автоматско оружје.

Околу 16:30 часот патничкиот автомобил „ауди“ е пронајден на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучка кај село Караслари. Во возилото пронајдени се траги од крв и дополнително ќе биде  вештачено.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. На местото на настанот биле присутни и инспектори од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се вклучени во расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена