Возач нападнат по сообраќајка кај патот Штип-Радовиш, му го одзеле и возилото

Од:

На локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу „Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од селото Брест и „Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

– Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле автомобилот и избегале оставајќи го нивното возило на лице место, наведуваат од МВР.

Одземеното возило „Голф 3“ било пронајдено во близина на село Брест.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он