Воведена нова иновативна терапија за лицата со хемофилија за значително подобрување на квалитетот на живот

Од:

Од почетокот на годинава за лицата со хемофилија е воведена иновативна биолошка терапија, која се администрира поткожно, еднаш неделно во домашни услови од самите лица, со што болните и чести венепункции стануваат минато за овие лица, информираат од Министерството за здравство.

Со оваа терапија (emicuzumab), според Министерството, дополнително и повеќекратно се намалува честотата од крварења а со тоа, квалитетот на живот се крева на ниво на кое лицата со хемофилија функционираат комплетно независно, без непотребни отсуства од училиште или од работа.

-Министерството за здравство, во соработка со „Националниот комитет за хемофилија и останати вродени болести на системот за коагулација“, кој ги интегрира сите институции вклучени во здравствената заштита на лицата со хемофилија, како и во соработка со претставниците од граѓанските здруженија, постигнаа значајни резултати во изминатите две години за унапредување на севкупната грижа за лицата со хемофилија и останатите вродени заболувања на системот за коагулација. Главниот фокус беше насочен кон подобрување на снабдувањето со фактори на коагулација, како и да се подигне грижата и квалитетот на живот на овие лица преку спроведување профилактичка терапија, не само кај децата, туку и кај возрасните лица со тешка форма на хемофилија А. Профилактичната терапија е значајна бидејќи на тој начин се избегнуваат трајните оштетувања на зглобовите, предзивикани од честите крварења, кои за жал, понекогаш водат кон траен инвалидитет. Десет пациенти од нашата земја веќе ја користат оваа терапија, порачуваат од Министерството.

Терапијата, нагласуваат, се воведе во најкритичниот период за здравството, а Клиниката за хематологија и Институтот за трансфузиона медицина-Центар за хемофилија, во соработка со Министерството за здравство, организираа мобилен тим, кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуцираше како сами да ја администрираат терапијата.

-Со оваа терапија значително се подобрува квалитетот на живот на лицата со хемофилија, па така ако досега пациентите венски примаа терапија трипати неделно, и крвареа од зголбови по пет-шест пати, сега лекот го примаат поткожно, еднаш во неделата, без дополнителен ризикот од крварења. Со оваа терапија значително се подобрува квалитетот на живот и функционирањето на овие лица, кои можат да бидат активни, да одат на работа и да придонесуваат во општеството, информираат од Клиниката за хематологија и од Институтот за трансфузиона медицина-Центар за хемофилија.

Нашата земја, додаваат, е прва во регионот, веднаш по земјите-членки на ЕУ Словенија, Хрватска и Бугарија, која овој лек го направи достапен за лицата со хемофилија.

Би можело да ве интересира

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата