МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

Од:

Извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош во текот на изминатата ноќ, заклучно со попладнево, во реонот на Трубарево. Притоа, едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

Во пишаната изјава на министерот за здравство Азир Алиу се истакнува дека Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици.

– Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб што веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, се истакнува во пишаната изјава на Алиу.

Пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба, потврдува директорот на оваа клиника, Арѓенд Имери.

– Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но, најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, информира Имери.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење