Вонредна седница на СБ на ОН за ситуацијата во Либија

Од:

Советот за безбедност на ОН утре ќе се собере на вонредна седница во врска со кризата во Либија.

Седницата ќе се одржи во момент кога Каиро настојува Советот да преземе мерки откако џихадистичката група Исламска држава (ИД) објави видео снимка со обезглавувањето на 21 египатски христијани.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека формирање на коалиција под покровителство на ОН е најдобриот пат за ослободување на Либија од исламистичките екстремисти.

Шефот на египетската дипломатија Самех Шукри и пратеникот на ОН во Либија се очекува утре детално да го информираат Советот за безбедност за ситуацијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска