Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Од:

Околу 40-тина крвни единици се собрани на денешната вонредна летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на Црвениот Крст и Службата за трансфузиона медицина.

На акцијата до пладневните часови беа собрани 20-тина крвни единици. Од Службата за трансфузиона медицина од Општата болница во Куманово велат дека нема причина за загриженост, има доволно количини на крв.

– Вонредните крводарителски акции се одржуваат поради фактот што дел од институциите не работат, училиштата, факултетите, бидејќи се летни одмори дел од крваодрителите не се тука, но мора да потенцирам дека располагаме со доволно количини на крв, изјави доктор Дритон Биљали од Службата за трансфузиона медицина Куманово.

Дел од кумановските редовни и повеќекратни крводарители се јавуваат и на повик на институциите.

Вонредните крводарителски акции се организираат согласно планот којшто го изработуваат Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Во Куманово во текот на летото се организираат три вонредни крводарителски акции. Според очекувањата и праксата од изминатите години на вонредните крводарителски акции бројот на крводарувањата се движи помеѓу 35 и 40 крвни единици.

На годишно ниво во Куманово се одржуваат 40 крводарителски акции на кои според податоците од општинската органзација на Црвениот крст лани биле собрани околу 3.000 крвни единици.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе