„Волшебен тепих“ на влезот во Општина Тетово, непристапен за луѓето со попреченост

Од:

Активисти од групата „Арт активизам“ од Тетово ги алармираа институциите дека се должни да им обезбедат пристап до објектите на лицата со посебни потреби. На скалите тие поставија слики од т.н. „волшебен тепих“ кој на ироничен начин им овозможува пристап на луѓето со попреченост до објектите.

–За оваа цел, групата активисти од Тетово, барем за еден ден им овозможија пристап до јавни институции во Тетово, преку „волшебниот тепих“, бидејќи градењето инклузивно општество е обврска на секој граѓанин. И лицата со попреченост се граѓани и даночни обврзници на Република Северна Македонија, но кога доаѓаат за добивање услуги во јавните институции, на повеќето од нив не им е овозможен пристап, соопштија од „Арт активизам“.

Според нивните податоци, од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 немаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека 64 јавни институции немаат овозможено пристап до вториот кат за лица што се движат со помош на инвалидска количка.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии