Војник на АРМ почина на КАРИЛ откако му се слошило на „Криволак“

Од:

Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на aрмискиот полигон „Криволак“.

Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност за цело време на предвидените активности на курсот, нагласуваат од ГШ на Армијата.

Би можело да ве интересира

Воените објекти на Криволак се безбедни, пожарот околу полигонот е локализиран

A1on

Три активни пожари, најголем кај Криволак

Катерина Ѓуровски

Гори нискостеблеста шума кај Криволак, во гасењето вклучен и хеликоптер

Шекеринска: Инвестиции за подобри услови во армискиот полигон Криволак

А1он

Тринаесет мигранти откриени близу железничката станица во Криволак

На Криволак ќе се уништуваат гранатите откопани во Битола

Ана Ололовска