Војната во ДУИ во полн ек; Меџити: Партијата мора да се ослободи од платениците

Од:

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, од т.н. огнена група, му порача на претседателот дека снимката на која пее е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Меџити преку фотографија, на која стои името на Артан Груби, порача дека неговата партија мора да се ослободи од вицепремиерот и сличните нему.

„Снимањето на Али Ахмет како пее и потоа објавувањето на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните!“, напиша Меџити.

Артан Груби во текот на вчерашниот ден сподели објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Али Ахмети како со цигара во раката, видно расположен, и пее албанска песна.

„Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“, запеа Ахмети.

Огнената група има забелешки за работата на партијата и бара промени во неа. Претходно, Меџити му порача на Ахмети „да не го гори јорганот за неколку болви“.

Би можело да ве интересира

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски