Воените оркестри на АРМ и на Грција, САД , Велика Британија и Словенија ја свиреа химната на Северна Македонија

Од:

Со интонирање на химната на Северна Македонија и на НАТО, воените оркестри на нашата Армија и Армиите на Грција, САД, Велика Британија и Словенија одржаа сојузнички концерт во чест на Денот на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот на концертот рече дека задоволството е големо што на ваков начин се одбележува 70 – годишнината на Алијансата.

-Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и денот посветен на нашите, сега веќе, успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни, порача Шекеринска.

Припадниците на здружениот оркестар, по интонирањето на химните продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он