Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го исчисти коритото на Липковка во општина Липково

Од:

Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ заврши со продлабочување на речното корито на Липковка во општина Липково на потегот од село Липково до село Опае.

Екипите на претпријатието наскоро ќе продолжат со активностите за расчистување на коритото од село Опае до излез на село Лопате. Надлежните од претпријатието со оваа акција очекуваат да се намали можноста за излевање на реката како што тоа беше случај во зимскиот период кога Липковка се излеа во село Оризаре.

– Во моментов се префрливме на расчистување на одводниот канал во село Горно Коњаре каде состојбата беше алармантна, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.

Досега, исчистени се три километри од речното корито на Липковка и еден километар од одводниот канал во Горно Коњаре. За оваа расчистување, претпријатието одвоило 1,2 милиони денари.

Согласно акциониот план за работа на водостопанство, наскоро ќе се чиси одводниот канал во Агино село, додека во селата Клечовце и Довезенце ќе се продлабочува речното корито кај игралиштето. Исто така во наредниот период ќе се чисти и речното корито на Пчиња кај Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце, Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане