Водостојот на повеќето реки во државата е над просекот за септември, освен за Вардар кај Велес, Лепенец кај Скопје и Пчиња кај Пелинце, покажува неделниот хидролошки извештај за реките и природните езера на Управата за хидрометеоролошки работи.
Кај Вардар со измерени 48 сантиметри, кај Јегуновце е за 13 сантиметри над просекот за септември, за 14 сантиметри кај Скопје и за осум сантиметри над просекот кај Демир Капија.
Под просекот за септември е водостојот на Вардар кај Велес, каде се измерени 20 сантиметри, што е за 16 сантиметри под просекот за септември.
Пчиња е за два сантиметри над просекот кај Катлановска Бања со водостој од 50 сантиметри, додека кај Пелинце со 24 сантиметри е за десет под просекот за септември.
Нивото на Црн Дрим кај Ложани со измерени 135 сантиметри, е за 33 сантиметри над просекот за септември.
Нивото на Охридското Езеро е во рамки на септемврискиот просек, Преспанското Езеро е за околу еден метар под просекот, а Дојранското Езеро е за речиси три метри над просекот за септември.
Најтопло, според измерените температури на водата на природните езера, е Дојранското со 24,8 степени, додека температурата на водата на Преспанско и Охридско е 22 степени. Тоа е за еден степен потопло од септемврискиот просек на Охридското Езеро.