Водостоите надпросечни, можни излевања на Вардар, Струмица и Црна

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека овие два дена се очекува сите водостои кај водотеците и натаму да бидат надпросечни за овој дел од годината, но со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо да опаѓаат. Во рамниците има појава на заезерување на одредени површини. Можни се излевања на реките Струмица, Вардар, Црна и на дел од нивните притоки во долните делови од сливовите. Затоа, се предупредува на внимателно движење покрај водотеците суводолиците и во клисурите, поради опасни води, појава на свлечишта и одрони.

Според УХМР, како и врнежите, така и водостоите се со надпросечни вредности. Денешните водостои на одредени станици го надминуваат повеќегодишниот просек 2005-2014 за два, три и повеќе пати.

-Изминатите десетина дена на метеоролошките станици се забележани врнежи кои се два до три пати поголеми во однос на повеќегодишниот месечен просек. Кај Прилеп има разлика од 2,9 пати, кај Штип 3,2, кај Берово 3,4, кај Струмица 3,1, а кај Гевгелија 2,6 пати. Реално беше да се очекува појава на вакви врнежи по толку долг сушен период и добро е што овие врнежи беа од дожд, зашто ќе предизвикаат релативно брзо дополнување на резервите, како кај површинските така и кај подземните водни резервоари и ќе придонесат за потребната влага во почвата неопходна за земјоделството, наведува УХМР.

Последните информации од хидролошките набљудувачи покажуваат високи водостои секаде, со тенденција на намалување, особено во горните делови од сливовите. Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220 сантиметри, а во Скопје бележи намалување од седум сантиметри. Во Велес, порастот изнесува 90 сантиметри, а на Црна Река кај Новаци 64. На реката Струмица кај Сушево и Ново Село регистриран е раст од 38 и 20 сантиемтри.

-Покачувања бележиме главно во долните делови од теченијата на реките Вардар (горен тек, среден тек и долен тек), Црна, Брегалница и Струмица. Во горните текови (горните делови од сливовите) притисокот на водениот бран постепено попушта и врвот на бранот се спушта низводно по течението на поголемите реки. Во Скопје во текот на ноќта, водостојот го достигна својот максимум и денеска се очекува да се намалува, и тоа во зависност дали ХЕ Вруток, Козјак, Св.Петка и Матка ќе работат или не. Во Велес утрово има зголемен водостој кој се очекува во текот на денот постепено да се намалува, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Треска надојдена по дождовите, реката е на десет сантиметри под критичното ниво

Жарко Настоски

Зголемени водостоите на реките

Ана Ололовска

Зголемени нивоата на реките, Преспанското Езеро 31 сантиметар над апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Пад на водостојот на поголем дел од реките

Ана Ололовска

Надојдените Радика и Црн Дрим почнаа да го полнат Дебарско Езеро

Ана Ололовска