Водостоите на реките се намалуваат или стагнираат

Од:

Натамошно намалување на висината на снежната покривка покажуваат најновите податоци од метеоролошките станици измерени изутрината.

Измерените минимални температури се главно позитивни, а врнежи имало речиси на целата територија на државата, но со различен интензитет и количини, соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи.

Измерените вредности во литар на метар квадратен изнесуваат: 1 Скопје Петровец, 2 Демир Капија, 3 Виница, 4 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Крива Паланка, 6 Битола, Ѓуриште, 8 Берово, 9 Прилеп, 10 Тополчани, Маврово, 12 Охрид, Тетово, 13 Претор, 14 Пожаране, 15 Крушево, 18 Лазарополе, 19 Гевгелија.

Врнежите иако количински не се големи, паѓаат на терени заситени со влага при што директно истекуваат во реципиентите. На овој начин, покрај топењето на снегот од повисоките сливни подрачја, дополнително се влијае на зголемувањето на водотеците.

Утринските информации од хидролошките станици покажуваат генерално одредено намалување и стагнирање на водостоите во делови од Западна Македонија и соодветно благо покачување на истокот.

На Вардар горен тек на станицата во Јегуновце и Радуша забележано е намалување, но водостоите ќе стагнираат и ќе има суште висок водостој.

На Црна кај Новаци имаме намалување на водостојот, но новите врнежи се очекуваат и натаму да го држат нивото релативно високо.

На возводната хидролошка станица на Црна-Доленци и на Боротинско Блато кај Боротино забележано е повторно покачување.

Благо покачување е забележано на Треска кај Македонски Брод. На истокот исто така има покачувања на водостоите, кои во текот на денот ќе продолжат.

Гледано во просек од десет години, водостоите се надпросечни за овој период од годината и се релативно високи.

Поради моменталните временски влијанија врз истекувањето како што се топењето на снегот, покачување или намалување на температурите, нови врнежи, појава на јужен ветер и слично ќе се јавуваат различни влијанија врз истекувањето на водите, соодветно на тоа во текот на денешниот ден и во следните денови не очекува импулсивно менување на водостоите, па тие ќе бидат со променливи величини со периодично покачување и намалување.

Секако вештачките влијанија од хидроелектраните дополнително ќе го менуваат карактерот на истекувањето и менувањето на водостојот.

Нивоата на подземните води ќе бидат во благо покачување, а близу природните и вештачките канали нивоата ќе зависат од нивото на површинските води во реципиентите.

Сеуште постојат локални излевања и има појави на заезерувања во делови од горните текови на реките Вардар, Треска, Црна, има и високи водостои на Пчиња, Сатеска, Голема Река (Ресенско), а има и во други сливни подрачја низ државата, па поради тоа се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска