Водостоите на реките над просекот, нивото на Пчиња двојно зголемено

Од:

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се над февруарскиот просек. Двојно е зголемено нивото на реката Пчиња кај Катлановска бања.

Најновите хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за февруари е нивото на Крива Река, а на исто ниво како февруарскиот просек е нивото на Брегалница кај Берово.

Кај езерата нема драстични поместувања во однос на февруарскиот просек. Дојранското и Преспанското езеро се околу просекот, а податоци за Охридското Езеро денеска не се наведени во хидролошката информација од УХМР.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска