Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

Од:

Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други верници, успеа да го фати Богојавленскиот крст од осветените води на базенот “Расадник”.

„Многу сум среќен и очекувам здравје, среќа и бериќет оваа година, не само за мене, туку за сите“, рече најсреќниот Мелоски кој првпат решил да учествува на манифестацијата за положување на Светиот крст.

Честитки доби од сите присутни, кои и овој пат беа во огромен број, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Од него тој доби парична награда, а награди беа обезбедени и од поголем број на општествено одговорни компании.

„Mу честитам на најсреќниот Давид Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди. За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

И оваа година, манифестацијата започна со божествена литургија во храмот Св. Ѓорѓија, од каде потоа градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со свештенството, придружувани од КУД “Китка” и многу други верници, се упатија кон базенот “Расадник”.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он