Водата за пиење во струшките села Октиси и Франгово неисправна за пиење

Од:

Водата во струшките села Октиси и Франгово е неисправна за пиење, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје – Охрид.

Раководителот на Центарот, Атанаско Михаилов денеска информира дека водата од водоводите во селата Октиси, Франгово и Калишта не е хлорирана и оти не смее да се употребува за пиење.

– Денеска земавме примероци од водоводите во селата Октиси, Франгово и Калишта со кои се утврдува дека нема хлор, а за два дена ќе видиме дали е исправна. Но штом не се хлорира очекувано е да има бактерии, изјави Михаилов.

Тој појасни дека примероците земени пред неколку дена покажале оти во водата од водоводот во Октиси има патолошки бактерии, ешеријха коли и ентерококи, во Франгово имало само ешерихија коли, додека во Калишта водата немала патогени организми, но не била холрирана.

Директорот на јавното претпријатие „Проаква“ во Струга Ајрон Ачиф вели дека проблемот со хлорирањето на водата од селските водоводи е поради тоа што овластувањата се на месните заедници.

– Ние не раководиме со таа вода. Водата од селските водоводи не е во наша надлежност. Ќе бараме од општината да ни помогне да ги вклучиме резервоарите за вода од селата во наша надлежност и да најдеме решение за жителите да пијат почиста вода и да не се појавуваат бактерии, изјави Ачиф.

Недостаток од хлор и патогени бактерии неодамна имаше и во градскиот водовод во Струга, по што надлежниот инспекторат донесе забрана за употреба, а по редовното хлорирање анализите покажале отсуство на бактерии и забраната за користење беше укината.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он