Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ информира дека водата за пиење во дел од улиците во Неготино е забранета за употреба поради присуство на непознат мирис и вкус.

Засегнати се улиците Индустриска, Маршал Тито, 29 Ноември, 11 Октомври, Никола Петров, Манчо Малиминов, Душан Јуруков, Димче Мирчев, Гоце Делчев, Питу Гули, Васка Калајџиска и Антигона.

Во соработка со Центарот за јавно здравје Велес и други надлежни институции, се земаат вонредни мостри за анализа, а екипи работат на терен за да се лоцира и санира евентуалниот дефект.

„Апелираме до граѓаните кои варат ракија да не ја користат водата за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, за да не дојде до дополнително загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции“ – се наведува во соопштението на „Комуналец“.

Претпријатието уверува дека се преземаат сите мерки за брзо надминување на проблемот и обезбедување на безбедна вода за граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on