Водата во Струга сè уште не е безбедна за пиење

Од:

Водата од градскиот водовод во Струга не е безбедна за пиење, соопшти Центарот за јавно здравје – Охрид.

Од таму велат дека и најновите контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа покажале дека водата е загадена.

„И контролните анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга извршени вчера, по однос на параметарот резидуум хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги изврши Центарот за јавно здравје – Охрид, покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество дезинфекционо средство (резидуум хлор), но матноста е сè уште над законски дозволената и пропишана вредност“, соопшти ЦЈЗ Охрид.

Од таму појаснуваат дека ова значи оти водата од градскиот водовод во Струга сè уште не е здравствено безбедна за пиење.

„Состојбата постојано се следи и јавноста ќе биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира“, велат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I