Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ го објави извештајот за квлитет и безбедност на водата за пиење и согласно добиените резултати од испитувањата сите земени примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.12.2020 до 31.12.2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Како што информираат од јавното претпријатие анализата е спроведена во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Би можело да ве интересира

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он