Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

Од:

Водата во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна за пиење, информира Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кој задолжен за секојдневен мониторинг на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопје и утврдување на нејзината санитарна исправност.

– Стручни тимови на Центарот беа вонредно ангажирани на ден 07.08.2016 (недела).

Тимовите излегоа на терен за да извршат теренски мерења и да земат примероци на вода од мерните места, кои ги опфаќаат кризните подрачја, со акцент на зафатените од природната стихија. Резултатите од сите теренски мерења од аспект на механичко загадување (маснотија) и концентрација на резидуалниот хлор во системот беа во рамките на максимално дозволените концентрации, а лабораториските испитувања покажаа физичко-хемиска и микробиолошка исправност, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл.Весник на РМ бр.46 од 2008 година), соопшти Центарот.

Оттаму посочуваат дека нивни тимови и во текот на вчерашниот ден повторно ги посетиле кризните подрачја и зеле примероци од вода за пиење.

– Првичните резултатите од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење, посочуваат од Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он