Водата од регионалниот водовод „Лукар“ безбедна за пиење

Од:

Водата од регионалниот водовод  „Лукар” е безбедна за пиење, информираа денеска од Центарот за јавно здравје од Кавадарци, откако пред некој ден беше издадена препорака да се преврива водата за пиење поради заматеност како последица на дождовите.

– Тоа значи дека препораката за задолжително превривање на водата пред пиење е отстранета. Последните анализи на  резултатите од земените мостри покажуваат дека водата за пиење е хемиски и бактериолошки безбедна, рече доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на центарот во Кавадарци.

Од регионалниот водовод „Лукар” со вода за пиење се снабдуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а водата се носи педесетина километри од под планината Кожуф.

Kако последица на врнежите од дожд, пред неколку дена водата доби жолтеникава боја. Тогаш дозирањето со хлор беше  покачено на максимум.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он