Водата од градскиот водовод во Дебар не е загадена

Од:

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ ги демантира гласините кои се шират дека водата за пиење од градскиот водовод е неисправна за пиење.

-Последните анализи направени деновиве потврдуваат дека водата од водоводот Росоки-Дебар, е хемиски и бактериолошки исправна за пиење. Гласините кои се шират категорично ги демантираме и ги оценуваме како антипропаганда од некои кругови во градот. Граѓаните кои се снабдуваат со вода за пиење од овој водовод слободно може да ја користат истата за пиење. И понатаму тврдам дека нашата вода е една од најчистите во Европа, изјави директорот Мазлум Леши.

Според Леши моментно во градскиот водовод пристигнуваат 160 литри вода во секунда, редовно се врши хлорирање според сите потребни стандарди и истата ги задоволува потребите на градот.

Освен градот од истиот водовод со вода за пиење се снабдуваат и селата Долно Косоврасти и Рајчица, а крак од водоводот вода носи и во Центар Жупа.

Низ градот проструија гласини дека по последните обилни дождови, водата од градскиот водовод е загадена

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари