Водата од градскиот водовод „Лукар“ исправна за пиење

Од:

Исправна е водата за пиење од градскиот водовод „Лукар“, како бактериолошки, така и хемиски. Ова го покажуваат резултатите од последните анализи на земените мостри, изјави за МИА доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

– Микробиолошките анализи покажаа дека бактериолошки и хемиски водата за пиење е исправна и пред нејзина употреба не е потребно превривање. Единствено има органолептичка промена на бојата поради зматувањето од обилните дождови. Опасност по здравјето на луѓето нема. Единствено доколку вода од водоводот им се дава на малите деца добро е таа да биде превриена, нагласи Ризов.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он