ВИДЕО: Светиот крст положен во водите на Охридското Езеро

Од:

Денеска во Охрид се одржува најголемата манифестација по повод православниот христијански празник Богојавление – Водици.

Чествувањата започнаа утрово со златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Света златоустова литургија имаше во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник.

Потоа следуваше поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде се врши големиот богојавленски водосвет, а потоа се положува и крстот во осветените езерски води.

Годинава во Охрид пријавени се 350 скокачи по крстот. Богојавление е повод за посета и на голем број туристи во најголемиот туристички македонски центар.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски