(ВИДЕО) Протест во Тимјаник против вдомување на деца со попреченост: Тие деца се болни, ќе ги разболат и нашите

Од:

„Сакаме градинка, а не дом за деца со попреченост“, „тие деца се болни, ќе ги разболат и нашите“, порачаа стотина жители на селото Тимјаник кои денеска излегоа на протест да го изразат своето незадоволство поради одлуката за отворање на мал групен дом за деца со попреченост во ова неготинско село.

Тие на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која со претставници на Делегацијата на ЕУ и со претставници на УНИЦЕФ и УНДП го посетија новоотворениот групен дом во Неготино им порачаа дека „не се против децата со попреченост, но дека нема да дозволат на оваа локација да се гради дом“.

Жителите на селото кои се противат на ваквата одлука, бидејќи сметаат дека тоа претставува закана за иднината на нивните деца. Групниот дом за деца со попреченост треба да се отвори во просториите на старата амбуланта во центарот на Тимјаник, каде ќе бидат префрлени деца од Специјалниот завод од Демир Капија.

Негодувањата се и поради тоа што домот ќе биде во близина на училиште, но и близина на откупни центри, што според нив ќе биде навистина проблем за грижување на децата.

„Неготино доби уште еден мал групен дом и да ја видите насмевката на децата ќе посакате да имаме уште 2000 вакви места во Македонија. Сакав да слушнам се што ве плаши и затоа сакам да ве чујам што вие сакате да каете, зошто се собравте, што е тоа што ве плаши“, рече Царовска.

Но жителите на селото не попуштаат – велат дека се загрижени.

„Дали јас да останам од работа да го чувам детето или да го носам во градинка, оти не го примаат. Објектот е во близина на училиштето и патот, има и откупен пунк. Ние не сме против децата, но овој објект не одговара, тој беше ветен за градинка. Кажете ни каде ние сега да ги згрижиме нашите деца. Секој ден возам по неколку километри за да го носам детето во градинка, а градинките во Неготино нема место за да ги примат нашите деца“, вели жител на селото.

Тие запрашаа како можел овој објект да се пренамени, кој го посочи овој објект за таа намена?

„Оваа идеја постои веќе 11 месеци, сите објекти кои што се посочуваат како мали групни домови се во сопственост на Министерството за труд. Како е стигнато овој објект да биде градинка, а јас не можам да ви кажам, затоа што не сте се обратиле до мене, со такво барање“, рече Царовска.

Жителите на селото тврдат дека порано биле доставувани барања за изградба на градинка, дека ги „дале“ гласовите на партиите затоа што секоја од нив им ветувала дека ќе се изгради објект за згрижување на нивните деца.

Но министерката де децидна дека зградата не исполнува услови ниту стандарди за градинка.

„Тоа што ние го понудивме на градоначалникот е веднаш да излезат лица од општината, архитекти и проектанти да кажат дали може да се врши доградба и реконструкција на училиптето за да се добие градинка која ќе згрижува една група на деца. До крајот на 2018 година, ќе се гради и нова градинка во Неготино. Ако добијам проект за изградба на градинка во Тимјаник ќе го направам, како лична заложба. Посочете ми објект кој ги исполнува стандардите“, порача министерката.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска