(ВИДЕО) Протест на „Македонија-блокира“: Предавници не го продавајте она што е македонско

Од:

„Македонија – блокира” под засилно полициско обезбедување го започна протестот пред Собрание, каде што пратениците ја започнаа финалната фаза за усвојување на уставните измени. Тие извикуваат „предавници“, „издаици“, „платеници“, „Македонија, Македонија“ и ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на големиот протест и да се спротивстават на промената на името. Тие бараат да влезат во Собрание, и го повикуваат претседателот да прогласи воена состојба.

ВО ЖИВО: Протест на „Македонија блокира“ против уставните измени

ВО ЖИВО: Протест на „Македонија блокира“ против уставните измени

Posted by A1on.mk on Среда, 09 јануари 2019

„Овде се дојдени од цел свет, дијаспората е тука, и сите Македонци. Другите што не се тука не ги сметам за Македонци и нема да ги сметам додека даваат поддршка да се смени уставното име. Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија ја било и ќе ја биде“, изјави Драган Угриновски од ,,Македонија – блокира”.

Тој јавно повика одговорен од полицијата да пушти група од тројца, кои ќе влезат на седницата и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците, со цел да не ги изгласаат уставните измени.

„Полицијата не треба да ги брани овие издаици, тие се предавници, тие 120 кои се внатре треба да излезат надвор и да не поддржат. Да не им дозволиме да го сменат нашето име кое со векови постоело. Да го повикаме и претседателот Иванов да дојде овде и да ни се придружи и да прати порака”, додаде тој.

Угриновски вели дека за следните чекори дополнително ќе информираат, но деќа ќе останат пред Собрание се додека не заврши седницата, ќе вршат притисок и нема да дозволат да ги усвојат уставните измени.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој Парламент нема мандат да менува Устав

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ

Османи: Овој парламентарен состав треба да ги заврши уставните измени

Ана Ололовска

СДСМ: Уставните измени се важни за европската иднина, подготвени сме да разговараме со сите партии

Лимински: Уставните измени се нешто низ кое треба да поминете

Горан Наумовски

Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав нема да има

Катерина Павлова-Николовска