(ВИДЕО) Заев: Европска Македонија освои повеќе гласови од кои било избори во историјата на Макeдонија

Од:

На референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“.Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

– Европска Македонија доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија. Дури и да имаше ценсус, дури и да гласаа милион и сто илјади граѓани, овој резултат од над 600 илјади гласови „за“ ќе значеше јасна определба „за“ европска Македонија. Народот направи многу важен избор, граѓаните кажаа „за“, рече Заев.

ВО ЖИВО: Прес на Зоран Заев по резултатите на ДИК

ВО ЖИВО: Прес на Зоран Заев по резултатите на ДИК

Posted by A1on.mk on Недела, 30 септември 2018

Одлуката што ја донесоа денеска, не беше лесна, но мораше да биде донесена, рече Заев и им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат за и против.

Упати благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презедоа одговорност за својата татковина и гласаа по сопствена волја, и покрај тоа, како што рече, што раководството на партијата заговараше бојкот.

– Сега кога имаме мнозинска изразена волја време е пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството со цел да ги забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ и да обезбедиме подобра иднина. Гласот на граѓаните е јасен повик до нив да му се приклучат на процесот и да работат за заедничката цел. Ги повикувам сите одговорни лидери, секој пратеник да се обединиме и да ја одведеме Македонија таму каде што припаѓа во ЕУ и НАТО, рече Заев.

Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот и националниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси.

– Знам јас, знае опозицијата, а знаат и граѓаните дека подобар договор со Грција нема и неможе да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме играчки со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Ова е време, рече, кога пратениците со својата одлука треба да ја направат Македонија подобра земја. Во споритвно единствена друга демократска алатка што преостанува се предвремени парламентарни избори веднаш, нагласи премиерот Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, Заев, меѓу другото кажа дека со ваков резултат не помислува да поднесе оставка, туку напротив е уште поубеден во тоа што го прави – да ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски