(ВИДЕО) Шахпаска: Да надвладее свеста кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, очекува да надвладее свеста кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, па по исцрпување на расправата тие да гласаат „за“ менување на Уставот.

„Секој пратеник треба да одлучи според сопствено убедување. Ќе го почитуваме мислењето и доколку тие гласааат ‘против’ тоа е нивно демократско право“, рече Шахпаска.

Пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, на денешната прес-конференција во Собранието исто така посочи дека СДСМ продолжува со целосно решавање на проблемот со стечајците. Вчера на собраниската седница започна расправата за законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост, или законот за стечајци, со кој се проширува опфатот на лицата кои ќе можат да добијат надомест од речиси 7 800 денари.

Имено, со законските измени на законот за стечајци се создава можност правото за материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок бил склучен на определено или неопределено време, и дали престанал по волја и вина на работникот. И оттука заклучуваме дека за околу 8 100 стечајни работници ќе се обезбеди паричен надоместок, посочи Шахпаска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ