Мицкоски: Заев е делигитимиран, да ја почитува волјата на народот

Од:

Македонија денеска кажа дека договорот не поминува, имаме длабоко неуспешен референсу, Заев доживеа дебакл. Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, односно апстинираа е драстично поголем од оние кои гласаа ЗА договорот. Факт е дека договорот доби стоп од народот, а народот кој е сопственик на оваа земја покажа исклучително демократска свест. Граѓаните, оние кои не гласаа, со апстиненција ја испратија најголемата порака: „Ова е Македонија“, рече Мицкоски.

Нашиот народ е силен, народот не го скршија, ниту уцените, ниту бруталните закани, ниту списоците и малтретирања на граѓаните. Власта е тотално разобличена и тоа покажуваат очајните обиди во име на ВМРО –ДПМНЕ да се праќаат пораки да излезат на граѓаните.

Ќе дојде време да одговараат за малтретирањето на народот но и за тоа како провокативните телефонски броеви се најдоа во рацете на луѓето на СДСМ, ќе одговараат за наполнетите кутии во Сара и други места.

Ќе одговарате и за тоа што локални шерифи на СДСМ посетуваа домови на граѓани и со закани уценуваа да гласаат спротивно на нивната волја. И народот покажа дека не ви се плаши. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Ова денес е пораз не само за договорот со Грција туку за криминалот на власта, за наместените тендери, за немањето проекти, за бизнисите на Вице, за Анѓушев, за криминалците кои ги пуштивте на слобода. Заев и неговата влада се делегитимирани, политиките на Заев и владата паднаа и тоа е јасно на огромен број граѓани на Македонија, рече Мицкоски.

И сега една порака до невештите спинери на власта, два месеци ширевте невистини, два месеци книжевте нарачани анкети, сакајќи да го манипулирате сопствениот народ, те дека сум се договорил со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се распадне, па на клоци ќе ме исфрлеле од белата палата, рече тој.

Македонија ќе победи. Народот ќе ве победи.

Имаме нова општествена реалност каде македонскиот народ, Албанци, Турци, Роми, Срби, покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени. Ова е желбата на народот која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја следи.

Волјата и аспирациите за ЕУ и НАТО се наши стратешки приоритети, но народот има свои перцепции и приоритет кои им се важни, како името на оваа држава и нивниот идентитет.

Реалните проблеми остана за решавање, власта треба да ја почитува волјата на народот, премиерот, Владата, Собранитето, сите партии, секој еден пратеник, бидејќи народот е најголем репрезент и најзначаен фактор. Тоа што не успеа референдумот е вина на Зоран Заев зашто склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека овој договор ќе помине, затоа што на сила преку манипулација и кршење на Уставот се обиде договорот да го помине кај граѓаните. Колку и да глуми лажен триумфализам , смрштениот израз на лицето покажува дека потонале сите бродови.

Речиси 1,2 милиони граѓани кажаа дека се против договорот, тие се за членство во ЕУ И НАТО, тие ја сакаат европска Македонија но се против договорот Заев – Ципрас, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска