(ВИДЕО) „Единствена Македонија“: Шилегов не постапува по правосилен документ за рушење на дивоизградена џамија

Од:

Уривање на единствената џамија со две минариња во Скопје, која се наоѓа на излезот од Скопје кон Тетово, бара партијата „Единствена Македонија“.

Јанко Бачев на денешната прес-конференција рече дека постои правосилен акт за нејзино остранување, а го обвинува новиот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, дека не постапува по истиот. Документот за кој говори Бачев, налага Исламската верска заедница веднаш сама да го урне верскиот објект, бидејќи не е согласно урбанистичкиот план.

„Вчера СДСМ бомбастично соопштија дека остранувањето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов-Ќосеото ќе значи крај за дивоградбите во Скопје, но Шилегов не постапува согласно своите надлежности и не ја остранува џамијата. Ова е уште една голема лага на Зоран Заев“, вели Јанко Бачев, претседател на партијата „Единствена Македонија“.

Партијата вели дека катастрофата на двата најголеми политички субјекта СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 27 години е доказ дека законите важеле за сите, освен за Албанците и според нив тоа мора да престане.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска