Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов заедно со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ одржаа официјален пречек на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони.
На средбата чии домаќини се претседателот Иванов, претседателката на Хрватска, Грабар Китановиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, претседателот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбговиќ, претседателот на Косово Хашим Тачи како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.