Вучиќ до Вујановиќ: Престанете со сра*ата, не зборувајте за провокации од Белград

Од:

Убаво е што го кажувате тоа што ЕУ сака да го слушне, но го правите спротивното. Никој на никого не му помага во процесот на приклучување на ЕУ, сите си подметнувате стапици. Да не беше Ангела Меркел, кој знае што ќе се случуваше со регионот, порача вечерва во Скопје српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што пишува „Блиц“ на затворениот дел од состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, српскиот претседател Александар Вучиќ настапил остро.

– Морам да кажам дека Тачи зборува невистина. Нема договор за енергетиката. Во Бриселскиот договор пишува дека разговорите ќе се интензивираат, а уапсен е Ѓуриќ иако легално влезе во Косово. Според нашиот устав Косово е дел од Србија и затоа имаме дијалог. Зошто ни требате инаку? Доколку сакате се да биде по косовскиот закон оставете не на мира и ајде да имаме замрзнат конфликт. Не го признаваме Косово, нема ни да го признаеме. Седевме заедно со Албанците во петокот во Брисел, Марко три пати испрати известување. Дојде на Косово не за некој да нападе туку да разговара за иднината. Додека седеле и разговарале упаднале со пушти, го третирале како куче обидувајќи се да го понижат. Можеле убаво да го повикаат на разговор. Знам Филип (Вујановиќ) дека чувствуваш горчина во мојот глас, не сум глупав, знам дека мора да бидеме разумни, но немојте да ни отежнувате. Престанете со срањето, не зборувајте за провокации од Белград, нервозно порачал Вучиќ, пренесе српски „Блиц“.

Тој се обратил остро и кон косовскиот претседател Хашим Тачи поради последните инциденти на Косово и апсењето на Марко Ѓуриќ. Вучиќ истакнал дека Приштина не право ништо за формирање на Заедницата на српски општини и дека кажуваат се што европските челници сакаат да слушнат, но дека работата завршува на зборови.

– Србија исполни повеќе работи од Бриселскиот договор, а Приштина не. И никој ништо за тоа не зборува. Доколку некој почне да зборува за тоа се повикуваат двете страни нешто да направат иако ние работиме, а тие не. Јас сум најголем заговорник за пронаоѓање решение, доста ни е од конфликти и војни, рекол Вучиќ, пишува „Блиц“.

Вучиќ, како што пишува „Блиц“, се осврнал и на отселувањето на жителите од Балканот и побара да се преземат конкретни мерки.

– Најдобро е да создадеме регионална економска зона, а парите ќе не научат и поинаку да разговара, рекол Вучиќ додавајќи дека без ЕУ не би било сигурно дека во мир и стабилност би го дочекале денешниот ден.

Вучиќ не даваше изјави за медиумите во Скопје, но зад затворени врати ги брифираше медиумите кои беа дојдени од Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски