ВИДЕО: Собранието им го одзеде имунитетот на шесте пратеници

Од:

Собранието едногласно ја изгласа одлуката да се одземе имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски обвинети за настаните од 27 април, кога толпа граѓани насилно упаднаа во Парламентот.

По симнување на пратеничкиот имунитет, Судот има право да одреди мерка притвор за пратениците кои беа приведени за распит во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Шесте пратеници се сомничат за терористички напад врз уставниот поредок на Република Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во денешната пленарна седница на Собранието.

Пред 3 дена во акција на МВР беа приведени над 25 лица за кои Јавното обвинителство смета дека имаат удел во организирање и учество во насилниот упад во Собранието на „крвавиот четврток“.

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, Богдан Илиевски, Игор Дурловски и уште неколку од осомничените добија 30 дневен притвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски