(ВИДЕО) Курц: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи решението за спорот со името

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во врска со тактизирањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која сеуште се нема изјаснето во врска со референдумот, рече дека партијата треба да има европска перспектива и да го поддржи решението за спорот со името.

„Австрија е најважниот инвеститор во Македонија. Ние немаме само тесна економска соработка, туку и силно пријателство и заедничка историја. Го делиме мислењето дека сите држави од Западниот Балкан имаат свое место во Европката Унија. Унијата ќе биде комплетна кога ќе биде интегриран Западниот Балкан. Решението на спорот со името е голема шанса за Македонија но и за комплетниот регион. Најпрво сакам да го поздравам тоа што е постигнат компромис на ова поле и би сакал граѓаните да ги поканам да учествуваат на овој референдум и да се изјаснат „за“ решавање на спорот со името. Тоа е избор за секој поединец и не е мое да донесам одлука за некој друг, но, како пријател на Македонија мислам дека е добро ако има голема излезност и позитивен исход“, рече австрискиот канелар Курц.

Премиерот Зоран Заев пред обраќањето на Курц, рече дека Австрија ги препознала реформите во Македонија и се заблагодари на канцеларот за поддршката која ја дава за интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела