(ВИДЕО) Трајчевски: Медиумите да не заземаат страни за време на референдумот

Од:

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски на денешната прес конференција повика медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да не се води пропаганда дека се урива Уставот на РМ.

Трајчевски изјави дека Агенцијата има изработено насоки односно предлог препораки за известувањето на медиумите за референдумот кои ќе бидат финални после 17 август откако детално ќе се разгледа предлогот на кое ќе бидат вклучени и медиумите.

– Очекуваме непристрасно и ненаметливо известување. Медиумите да не го наметнуваат своето мислење во информативните изданија. Радиодифузерите треба да го покриваат референдумот во согласност со одредбите и принципите утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и Законот за референдум, рече Трајчевски.

Тој исто така истакна дека доколку медиумите објавуваат научни испитувања на јавното мислење односно анкети, јасно треба да биде напишан нарачателот на истата. Анкетите можат да бидат пуштени во етерот најдоцна 5 дена пред референдумот.

Вчера со 68 гласа „за“ пратениците во Собранието ја донесоа одлуката за распишување референдум за името, што ќе се одржи на 30 септември. Референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски