Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со името, не можам да изградам став за новиот предлог, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по завршување на лидерската средба каде премиерот Зоран Заев ги информираше лидерите за новиот предлог „Република Илинденска Македонија“.
– Не изградив став, очекувам писмена достава и исто така во иднина очекувам да не бидеме селективно информирани. Треба да имаме увид за да знаеме за кои прашања се разговара. Процесот мора да се води во рамка утврдена во ОН и било кој документ треба да биде предмет на разгледување, рече Иванов.
Виктор Јованов