(ВИДЕО) Заев: Уште не сме повикани во Обвинителство

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со ОБСЕ, кажа дека Обвинителството се уште ги нема повикано него и другите пратеници како оштетени и дека доказите ги има во сите медиуми, со што очекуваат да бидат повикани многу скоро.

Според него Влада би требало да има до крајот на месецот и очекува по испратеното писмо од претседателот на Собранието, Талат Џафери до претседателот Ѓорге Иванов, што поскоро да го даде мандатот за формирање на нова Влада.

– Од архива е излезено писмото од Џафери, течат 10 дена за давање мандат. Јас сум подготвен да одам кај Иванов и да ги гарантирам унитарноста, уставноста, мултуетничноста на државата, НАТО и ЕУ перспективите, заедно со другите лидери ќе гарантираме се што го загрижува господинот Иванов, рече Заев.

Според лидерот на СДСМ, ОБСЕ, со чии представници денеска имаше средба ќе биде од голема помош за реформите на новата Влада.

– Додека дишам ќе се борам за враќање на правото и правната држава, законот мора еднакво да важи за сите во Македонија, рече Заев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“