А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бугарската делегација предводена од Борисов пристигна во Владата

by А1он01/08/2017 - 12:1501/08/2017 - 12:45160
Share0

Бугарската владина делегација што ја предводи премиерот Бојко Борисов попладнево со највисоки државни и воени почести бше пречекана на платото пред Владата на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Веднаш по пречекот, премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран заев и Бојко Борисов, заминаа на тет-а-тет состанок, по што е предвидена и средба на делегациите на владите на двете земји, а потоа ќе се одржи церемонијата на потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на двајцата премиери.

Како составен дел на оваа церемонија се и потпишувањата на меморандуми за соработка од страна на ресорните министри за транспорт, односно енергетика и економија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Високата државна владина делегација на Република Бугарија ќе биде примена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Програмата на официјалната посета на претседателот на Владата на Република Бугарија на Република Македонија ќе финишира утре со заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје. Премиерите Заев и Борисов заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Македонскиот премиер Заев минатата недела презентирајќи го текстот на Договорот пред јавноста истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија, нуди огромни можности за соработка и го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Најави дека ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија и дека ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Владата.

– Во Бугарија имаме пријател и сосед со кој заеднички ќе ги решаваме проблемите, и кој го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО без условување, рече Заев.

Бугарскиот премиер Борисов, пак, оцени дека со потпишувањето на Договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се востановат односи на искрено пријателство, базирани на европските вредности. Договорот, вели Борисов, и ги отвора на Македонија вратите кон НАТО и ЕУ.

Во Македонија опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов на седница на Централниот комитет одлучи дека нема да го поддржи Договорот во Парламентот бидејќи не е прифатена ниту една од нивните забелешки за сите спорни прашања, за кои сметаат дека можат да нанесат долгорочни штети по државните и националните интереси на Република Македонија и македонскиот народ, јазик и историја.

Наспроти македонската опозиција, бугарскиот Парламент, минатата недела едногласно со 206 гласови „за“ донесе Декларација со која го поддржа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија и изрази подготвеност да ги почне процедурите за негова ратификација во најкус рок по неговото потпишувањето.

Преку заедничко соопштение Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија го поздравија амбасадите на САД во Скопје и Софија и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

– Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан. Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината, се наведува во заедничкото соопштение на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар оцени дека Договорот за добросоедство со Бугарија е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години.

– Јас морам да го поздравам овој договор, затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот кој постоел многу години, и како можат да го отворат патот на соработка за во иднина, вели амбасадорот Жбогар.

Очекувани резултати од потпишувањето на Договорот се соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за региопнални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави.

bugarijavlada

Би можело да ве интересира

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски08/05/2026 - 09:5008/05/2026 - 10:18

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски22/04/2026 - 09:1922/04/2026 - 09:31

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 15:56

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто