Во заедничка изјава Борел и Блинкен повикаа македонскиот парламент да го поддржи предлогот за земјата да оди напред

Од:

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го повикаа македонскиот парламент да го поддржи предлогот за почеток на преговорите со ЕУ.

„Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на парламентот на Северна Македонија ќе биде важна за придвижувањето напред. Духот на конструктивен компромис, на кој се заснова европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите вклучени во историскиот процес“, велат Борел и Блинкен.

Се додава дека во овој критичен момент во европската историја, одбележан од неоправданата агресија извршена од Русија врз Украина, придвижувањето на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучот за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот Европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандарди и одредници на ЕУ, двете земји се подготвени да го преземат следниот чекор кон членство во ЕУ“, се вели во заедничката изјава.

Борел и Блинкен додаваат дека ЕУ и САД се посветени на поблиска соработка во Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Борел: ЕУ ќе обезбеди два милиони евра за поголема отпорност на Македонија, Албанија и Црна Гора

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

За Македонија да го продолжи патот кон ЕУ мора да заврши со уставните измени и да напредува во клучните реформи, порача Борел

Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана