Во Врање вакцинација за Македонци и без закажан термин

Од:

Македонските граѓани се вакцинираат во Врање и без претходно да имаат закажан термин. Треба со себе на имаат само важечка лична карта или пасош јавуваат српските медиуми.

На вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово. Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија.

-Денеска имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави директорката на Здравствениот дом во Врање, Љиjана Антиќ.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Македонија на кои на располагање им се вакцините „Синофарм“ и „Фајзер“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски