Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани, 8 306 со втора доза

Од:

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 наши државјани.

Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на на Република Северна Македонија со првата доза е 11 540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е 6 граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8 306 и 7 државјани на Република Босна и Херцеговина.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 669, додека со втора доза се вакцинирани 27 117 српски државјани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астра/Зенека.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски