Во велешко нема пожари, но има опасност пожарот од Прилепско да се прошири на велешка страна

Од:

Благодарение на дождот од вчера во велешко нема ниту еден од многуте пожари кои изминатите денови беснееја во тој регион, во кој е вклучена и општина Чашка каде беше воведена и кризна состојба.

Од Регионалниот центар за справување со кризи – Велес предупредија дека постои голема опасност во секој час големиот шумски пожар од кај селото Никодин, прилепско, да премине во велешкиот реон на планината Јасеновска глава.

– Потребно е брзо да се реагира со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување за да се спречи да се прошири во велешко, посочува Влатко Добревски од Регионалниот центар за справување со кризи.

Инаку во велешко во изминатите денови беснееја неколку пожари и тоа: кај селото Дреново каде изгоре 70-тина хектари најразноводна нискостеблеста шума, кај Иванов врв, Богомила и во месноста викана Бела Вода и од пред два дена северозападно од селото Горно Јаболчиште.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом