Во Велес презентирани воени возила на армиите на Македонија и на САД

Од:

На паркингот и игралиштата зад гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес синоќа беа презентирани воени возила и други воени средства на армиите на Македонија и на САД.

Оваа активност на двете армии беше во рамките на вежбата „Draggon Guardian 17“ односно во рамки на цивилно-воената соработка меѓу двете земји.

Велешани посебно најмладите пројавија голем интерес и беа многу љубопитни да ги разгледаат одблиску воените возила и да се качат и на нив и во нив и се фотографираат за спомен со американските и македонските војници.

Американскиот војник од прва класа Серна Џошуа рече дека оваа презентација е со цел за поврзување и соработка меѓу американските и македонските граѓани.

– Сакаме да покажеме дека соработуваме и затоа сме дојдени туку и ни е многу драго што сме во вашата земја која е прекрасна и многу ни се допаѓа, рече војникот Џошуа.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он